Денковски „одбрани“ нула – нула против Србија

273

 

Благодарение на фантастичниот ден на Давид Денковски, голманот на репрезентацијата на Македонија до 21. година, нашиот млад состав дојде до првите бодови во тековните квалификации. Одигравме 0:0 против фаворизираната Србија во Охрид, на стадионот Билјанини Извори. Резултатот е тој, исклучиво и само поради добраните на голманот на Брегалница, кој не спаси во грст ситуации и не дозволи денеска да загубиме. Честитки за сите поединци во селецијата на Драган Канатларовски, но денеска е денот на Давид Денковски.

Натпреварот за нас не започна најдобро, затоа што Србија имаше грст шанси во првиот дел односно на почетокот на мечот. Сите до една ги промаши Тедиќ кој вчера можеше да се прослави но наместо него тоа го стори нашиот голман Денковски.

Напаѓачот на Цволе имаше три ситуации во првиот дел, и во сите три Денковски беше поуспешен од него.

На спротивната страна Филип Антовски прекрасно нафрлува во 23. минута, а Марио Илиевски од идеална позиција на петерецот со глава бие покрај гол.

Денковски прави чуда и не остава во игра

Веднаш потоа стигна шансата на мечот за Србија. Ѓурковски го фаулираше Милосављевиќ, а судијата покажа на белата точка.

Одговорноста ја презема Тедиќ кој и претходно делуваше индиспонирано. Шутираше десно долу голмански, а Давид Денковски перфектно чита. Одбива во поле, на топката налетува Стевановиќ кој има шанса од втора, но можеби и ќе погодеше ама на нашиот гол да не беше денеска перфектниот Денковски. Нова бравура и одржување во живот.

Фазлагиќ можеше да ни донесе победа, Елези промаши зицер

Во второто полувреме Македонија поосоколено тргна кон противничкиот гол, затоа што увиде дека Србија и не е така силен противник, односно може да се добие. Шанса за Чолаковски кој е блокиран во добра ситуација, Фазлагич со глава по корнерот кој следуваше биеше супер но голманот на Србија на место.

Токму Фазлагиќ ја имаше шансата на второто полувреме за нас, кога изби сам по одличното проигрување од средина, но замина премногу лево, шутираше но Гордиќ навреме затвори па одлично и одбрани. Во последните моменти од мечот, изведовме корнер во кој Агон Елези имаше идеална шанса од само четири пет метри но не успшеа да реализира. Се на се, добар меч на нашата репрезентација по она лошо издание против Франција во првото коло, и натпревар кој ветува дека во иднина може само да се подобруваме.

 

Македонија  – Србија 0:0

Стадион Билјанини извори  во Охрид

Гледачи: 1000

Главен судија: Думитру Мунтеан Помишници: Вадим Викол, Денис Оала (Сите од Молдавија)

Ж.картони: Чолаковски, Ѓурковски, Божиновски (М) Марковиќ, Топиќ

Македонија: Денковски, Јанкулов, Ѓурковски, Божиновски, Антовски, Грозданоски (Ферати 59) , Елези, Фазлагиќ (Адем 87), Максимов (Трајкоски 66), Чолаковски (Воша 66), Илиевски (Скендери 87)

Србија: Гордиќ, Шеховиќ, Честиќ, Марковиќ, Тетек, Милосављевиќ, Видосављевиќ, Топиќ (Џерлек 56) , Стевановиќ (Јовиќ 62), Тедиќ, Гавриќ

 

 

 

 

 

 

 

ПретходноРадои: Посебно внимание на Елмас и на Барди; Кирикеш: И без Пандев, Македонија е силна
СледноУдар за Романија: Хаџи е позитивен на Ковид-19, нема да игра против Македонија!