Евролига излезе со здравствениот протокол за новата сезона во истото натпреварување и за Еврокупот. Истите се напрвени во координација со лекарите на лигата и на сите клубови кои ќе бидат дел.
Протоколот вклучува и основни хигиенски прави за однесување, како и бројот на луѓето кои можат да бидат во салите и соблекувалните, секој тим мора да има назначено ковид-менаџер.
Играчите, стручниот штаб и судиите ќе мора да направат ПЦР тест три дена пред секој меч (два дена ако се игра средбата на домашен терен) и тест по завршување на мечот, со исклучок на вакцинираните особи или оние кои биле позитивни на коронавирус.
Кога станува збор за натпреварите, оние кои не можат да се одиграат според распоредот оради органичувања од страна на владата на клубот домаќин, истите ќе бидат закажани во нов термин или може да се одиграат на друго место.
Еден меч нема да се одигра доколку тимот има на располагање осум играчи поради Ковид-19.
Еден ист натпревар може да биде одложен трипати по што ако истиот не се одигра во тој случај тимот кој што го одложува ќе го загуби службено.
Во случај на суспензија на сезоната, моменталниот пласман на табелата може да се смета за конечен дали за продолжување во следната фаза. Сите тимови ќе мора да ги одиграат сите заостанати мечеви за да имаат еднаков број во групата.