Интер подготвува нови договори за тројца свои играчи

131

Италијанските медиуми пренесуваат дека актуелниот шампион на Итаија, Интер подготвува нови договори за тројца свои стандардни фудбалери во моментов.

Тоа се Лаутаро Мартинез, Марсело Бросовиќ и Николо Барела.

Приоритет на клубот секако ќе биде задржувањето на Лаутаро кој по заминувањето на Лукаку ќе биде предводник на нападот на тимот. Се подготвува договор кој ќе го задржи аргентинецот до 2026 година во Интер.

 

ПретходноИ официјално: Сухејљ Мухарем во дресот на Струга ТЛ!
СледноПознати групите и кај дамите, дерби на стартот