Корентин Толисо ќе се пресели во Интер на почетокот на следната сезона, пишува италијанскиот весник „Тутоспорт“. Според изданието, играчот за врска на Баерн Минхен, веќе е во разговори со преставници на миланскиот тим, кои му понудиле да го почекаат до јануари, кога и официјално би отвориле преговори откако ќе влезе во последните 6 месеци од договорот со германскиот шампион.
Минатата сезона, Толисо одигра 24 натпревари на сите турнири, на кои постигна три гола. Во август беше објавено дека Баерн може да го продаде играчот, но иако за Французинот беа заинтересирани Јувентус, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Вест Хем, тој остана во Германија.