Канатларовски: Одигравме добро, ќе бидеме уште подобри

303

Македонскиот национален тим до 21. година успеа да одигра 0:0 на домашен терен против Србија на стадионот Билјанини Извори во рамките од второто коло во тековните квалифиакции.

Нашиот тим одигра добро, имаше свои моменти на овој меч, но ги имаше и противникот. Конечните 0:0 се реални, и добро е што го освоивме премиерниот бод о ова кампања

„Многу интересен натпревар, и многу тежок. И двете селекции има свои шанси. Србија особено во првиот дел. Поконкретни беа што се однесува до завршницата. Сепак, ние со нашата желба, и капацитет успеавме да се справиме како што треба со противникот во тие моменти. Имаме и ние стопроцентни шанси кои за жал не ги искористивме.  Многу помогна и одбраниот пенал на Денковски, тоа беше всушност и клучниот момент на мечот. Ако го примевме тој гол, ќе беше се поинаку.Вака, додатна желба додаден мотив, за сите. Оваа генерација има иднина, има капацитет, игравме два екстра силни мечеви против Франција односно Србија и ќе бидеме од меч во меч се подобри“ – изјави селекторот Канатларовски по мечот.

ПретходноАлександар Бајевски нов спортски директор на Вардар
СледноЛапорта потајно најави дека Меси ќе се врати во Барса!?