Лапорта потајно најави дека Меси ќе се врати во Барса!?

424

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона со неговата изјава крена многу прашина со оглед дека најави дека е можно Лионел Меси да се врати во Барселона, и тоа само неколку дена откако се пресели во ПСЖ.

„Враќање на Меси? Не исклучувам ништо. Ако тоа се случи, тогаш неговиот крај во Барселона ќе биде поинаков. Тој секогаш ќе биде дел од Барселона“, најави Лапорта.

Претседателот на Барса претходно кажа дека го гледал дебито на Меси, и дека не можел да го замисли во друг дрес.

ПретходноКанатларовски: Одигравме добро, ќе бидеме уште подобри
СледноУ-19 селекцијата со реми го заврши турнирот во Словенија!