Милевски: Не се плашиме од никого, ова ќе биде сосема поинаков меч со Романија

406

Македонскиот национален тим на чело со селекторот Благоја Милевски и чуварот на мрежата Столе Димитриевски на официјална прес конференција предмалку го најавија утрешниот квалификациски дуел против Романија на домашен терен со почеток од 20:45 минути.

Нашиот национален тим во овој дуел влегува по двете ремија со Ерменија односно Исланд во кои реално имавме шанси и да обезбедиме повеќе бодови, но далеку од тоа дека треба да очајуваме. Селекторот Милевски вели дека она што следува е само уште еден меч од овие квалификации, важен како и сите претходни и сите кои следуваат и дека на него ќе се претставиме најдобро што можеме. Мотивирани, со спортски притисок, и нормално фокусирани на едно. Победа.

„Притисок нема потреба да има освен секако оној спорсткиот. Тоа што е национален празник е само мотив плус но не ни создава притисок секако. Романија како репрезентација е сериозен и квалитетен противник. Составена е од индивидуални квалитетни поединци. Тие доаѓаат во за нив добар момент, но ние не се плашиме од никого. Најважно за нас е ние како ќе изгледаме на терен“ – вели селекторот Милевски па додава.

Ова е една сосема нова Македонија

„Со оглед на нашиот прв меч одигра во Романија, каде загубивме со 3:2, сега сме во една сосема друга ситуација. Создаваме нов проект, почеток на нешто ново, ова е за нас прв собир со репрезентативците, но од она што го видов јас сум засега презадоволен и не очекува сосема поинаков меч од оној кој претходно го одигравме во Букурешт. За нас ова не е финале што се вели, секој меч е важен, но секако дека во зависност од резултатот овие квалификации можат да отидат во оваа или онаа насока. Мечот има свое значење но и останатите четири имаат. Не мислам дека е овој одлучувачкиот меч, а групата е составена од изедначени репрезентации, и мислам дека нема да биде решено се до последното коло. Мечот против Исланд веќе е заборавен сите мотиви и целата енергија е насочена кон урешниот меч“ – вели селекторот.

Психолошкиот момент е единствен кој е тема, останатото е топ

„Прихолошкиот момент е многу важен и се виде дека е тоа најголемиот предизвик со кои се соочуваме. Им честитам на играчите за се што направија, одлично се прилагодуваат на се што е новитет во моментов. Македонија во моментов игра одличен фудбал, со многу трка но и тактичка одговорност. Физичкиот момент, односно предизвикот од три меча во серија е тешко да се поднесе секако. Но од друга страна сигурен сум дека сите оние кои ќе добијат шанса ќе дадат максимум и ќе го анулираат и евентуалниот замор и недостатокот на минутажа по клубовите.

Димитриевски: Погрешив во Исланд, напредуваме како селекција секој ден

Од друга страна пак, голманот Столе Димитриевски е свесен дека тој е оној кој погреши на Исланд дека по примениот прв гол се промени моментумот на тој меч и дека ќе проба овојпат да не прими гол.

„Секако дека не сакам да примам гол. Тимски играме добро во дефанзива, тоа се гледа од миниму шансите кои противниците ни ги создадоа во последните два меча. По само неколку дена работа се гледа напредокот со новиот селектор, и знаеме што бара тој од нас. Против Исланд одигравме одлични 75. минути. Индивидуалната грешка е моја, истата ја признавам. Потоа следуваше тој психолошкиот момент, кој го разговаравме, анализиравме и ќе се поправиме. Дури и на тој меч потоа имавме шанси да победиме. Тоа значи дека сме на добар пат“ – изјави Димитриевски.

 

 

 

 

ПретходноМеморијален турнир во чест на Драган Василов – Цевка
СледноДа ја заборавиме Франција,време е за победа против Србија