Спортскиот директор на Салернитана, Анџело Фабиани, ја коментираше веста за евентуалното потпишување со поранешниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луиз.
„Со Рибери, нашиот преоден рок заврши. Направивме доволно. Рибери е нашиот последен фудбалер, а веќе потпишавме со неколку одлични играчи“, изјавил Фабијани.
34-годишниот Бразилец во моментов е слободен агент откако го напушти лондонски Арсенал.