Ла Лига донесе одлука да се одложат натпреварите меѓу Севиља – Барселона и Виљареал – Алавес, кои на програмата беа овој викенд.
Причината за ваквиот потег се неколкуте јужноамериканските фудбалери кои играат квалификациите за СП за своите репрезентации и предоцна ќе се вратат во клубовите. Поради тоа Ла Лига им даде време за одмор пред настапот во европските натпреварувања следната недела.
Најмногу е погодена Севиља, која има тројца фудбалери кои пред мечот со Барса би дошле на ден и пол. Тоа се аргентински фудбалери во составот, Гонзало Монтиел, Алехандро Папу Гомез и Маркос Акуња.