Охрид е горд на новиот лик на стадионот „Билјанини извори“ (ФОТО)

3079

Градскиот стадион „Билјанини Извори“ е подготвен за денешниот натпревар меѓу Македонија и Србија во рамките на за квалификациите на Светското првенство во фудбал У21.

Со овој дуел симболично ќе биде пуштена во употреба новата трибина, која има капацитет од 1.480 седишта, во централниот дел има вип ложа, коментаторска кабина и простор за ТВ камери.

Во подтрибинскиот дел се сместени други современи простории за нормално функционирање и одвивање на фудбал и други спортски активности на стадионот.

Ова е заедничка инвестиција на Општина Охрид и ФФМ во вредност од еден милион евра.

ФОТО: ОХРИД СПОРТ

ПретходноОдложено дербито меѓу Севиља и Барселона
СледноХамилтон со добредојде за Расел: Сонуваше да биде дел од Формула 1