Како што денеска јавуваат медиумите во соседна Србија, Игор Кокошков повеќе нема да биде селектор на нивниот национален кошаркарски тим, а него ќе го замени искусниот Светислав Пешиќ.
Овој потег на кошаркарскиот Сојуз на Србија беше и за очекување со оглед на неуспехот во квалификациите за Олимписките игри.
Смената треба да се случи наскоро затоа што во ноември се закажани квалификациите за СП 2023 година.