По Ботас и синот на Шумахер се сели во Алфа Ромео

157

Истакнатиот новинар Петер Виндзор најави дека Мик Шумахер може да се пресели во Алфа Ромео следната сезона како партнер на Валтери Ботас, заменувајќи го Антонио Џовинаци во тимот за 2022 година.

„Како што беше предвидено пред неколку недели, Тото Волф навистина постигна договор со својот пријател Фредерик Васер за да го добие Валтери Ботас во Алфа Ромео. Ова целосно му го отвора патот на Џорџ Расел во Мерцедес. Втората Алфа Ромео пилотска позиција најверојатно ќе оди кај Мик Шумахер“, напиша Виндзор на Твитер.

Мик Шумахер оваа сезона ја минува во Хаас.

ПретходноНи Салернитана не сака да потпише со Давид Луиз
СледноЃорѓиев е четвртти најдобар поентер на Европското првенство