Романските фудбалери го одржаа официјалниот тренинг на Националната Арена „Тодор Проески“ вечерва.
Селекторот Мирел Радои ја испофали нашата селекција, но најави дека Романија ќе оди на победа и покрај проблемите со кои се соочува, откако неколку играчи нема да играат поради коронавирус.
Романците се покажаа како незгодна селекција, а токму единствениот пораз во групата Македонија го има од Романија во Букурешт.
ФОТО: FRF.RO