Кристијано Роналдо никогаш не правел проблеми, нути е познат по инциденти, но со оглед на богатството со кое расплага може да има проблем за време на својот втор престој во Англија.
Според тамошните медиуми тој може да се најде на мета на британската мафија која често знае да ги ограбува домовите на познатите фудбалери, последни кои за малку ќе настрадаа беа Озил и Колашинац, двајцата беа нападните во Лондон.
Но, Роналдо нема да препушти ништо на случајност, за него и за неговото семејство има ангажирано обезбедување и видео-надзор на својот дом.
Тој за Јунајтед играше од 2003 до 2009 година, сега одново се враќа на „Олд Трафорд“ откако го напушти Јувентус една година пред истекот на договорот.
Тој треба да го облече дресот овој викенд и тоа против Њукасл.