Со пресврт, Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на УС Опен

383

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако за два часа и 59 минути игра го совлада Џенсон Бруксби од САД со 1:6, 6:3, 6:2, 6:2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне со Матео Беретини од Италија, кој го исфрли квалификантот Оскар Оте во четири сета. За Новак ова беше 79-тата победа во Њујорк, со што успеа да се израмни со легендарниот американски тенисер Андре Агаси.

Младиот, 20-годишен Американец му пружи повеќе од достоен отпор на Србинот, а вториот сет беше еден од најдобрите на турнирот.

ПретходноИнтер следното лето ќе го добие Толисо како слободен фудбалер
СледноАгуеро зачуден од (не)работата во Барса: Дојдов еден час пред тренинг, се беше затворено