Удар за Романија: Хаџи е позитивен на Ковид-19, нема да игра против Македонија!

210

Како што пренесуваат романските медиуми, Јанис Хаџи, еден од најдобрите фудбалер на репрезентацијата со која се среќаваме утре е позитивен на Ковид-19. Денеска во Скопје, во експедицијата на Романија бил направен тест за сите фудбалери а само тој на Хаџи се покажал како позитивен.

Па така тој веднаш е ставен во изолација, а тоа значи дека нема да игра утре со Македонија.

Интересно е тоа што до денеска тој имаше направено пет теста и на сите беше негативен.

Тој, како што пренесуваат романските медиуми, имал мали симптоми со главоболка.

ПретходноДенковски „одбрани“ нула – нула против Србија
СледноАлександар Бајевски нов спортски директор на Вардар