Фенербахче ќе го тужи „Трансфермаркт“ поради лоша проценка на цената на нивните играчи

284

Секој оној кој е љубител на фудбалот, барем еднаш влегол во сајтот „Трансфермаркт“. Таму ја има целата биографија за секој играч, а она што е интересно, ја има и моменталната вредност на играчот.

Меѓутоа постојат и оние кои не им се допаѓа како се вреднувани, па така еден тим влегува во рубриката „верувале или не“.

Тоа е екипата на Фенербахче, која смета дека цената на играчите на сајтот е далеку помала од реалната. Најскапиот играч во моментов е Диего Роси со 18 милиони евра, а голманот Алтај Бајиндир чини 14 милиони евра.

На врвот ги нема Месут Озил и Луис Густаво чија вредност е 4 милиони евра, а Енер Валенсија чини само 3.

Во клубот сметаат дека чинат повеќе и подготвени се да докажат на суд.

ПретходноНационалите тренираа на Арената: Конечно и да победиме, доста играме само добро! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСтруга ТЛ се пофали и со Трим Амбари!