Агуеро зачуден од (не)работата во Барса: Дојдов еден час пред тренинг, се беше затворено

673

Новата ѕвезда на Барслеона, Кун Агуеро, во разговор на платформата „Твич“ отворено проговори за она што не му се допаѓа во каталонскиот тим, правејќи споредба по начинот на кој се работи и тренира во Манчестер Сити.

„Во Сити на тренинг доаѓавме час или час и половина порано“, вели Аргентинецот.

„Овде доаѓаме половина час порано. Реков, добро, ќе дојдам барем еден час порано да се обидам да одам во теретана или да направам некои други работи. Но, на мое изненадување таму немаше никој. Се беше затворено“, вели зачудениот Агуеро, кој отворено ја критикуваше работата во каталонскиот тим.

ПретходноСо пресврт, Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на УС Опен
СледноНи Салернитана не сака да потпише со Давид Луиз