Повратникот на селекторското место во репрезентацијата на Холандија, искусниот Луис ван Гал одговарајќи на новинарски прашања, нападна еден од новинарите на прес-конференцијата пред мечот со Турција, откако доби прашање дали има намера да го користи дефанзивниот стил на Челзи во националниот тим.
„Немате поим од фудбал. Вие сте новинар кој сака да ја сподели својата визија, но ја немате. Со формација 5-3-2, можете да напаѓате многу добро, само треба да знаете. Му симнувам капа на Тухел за она што го направи од Челзи, кој најмалку од се е дефанзивно ориентиран“, му одговорил Ван Гал.