„Лавовите“ се пофалија со новитетите

572

Екипата на Македонија ЃП денеска и официјално ги претстави новите играчи, Марио Младеновски и Марио Крстовски.

Едниот младински репрезентативец, другиот екс младински репрезентативец но и обајцата повратници од странство.
Младеновски од Бугарија, додека пак Крстовски летово замина во Зрињски Мостар, но повторно се врати во домашниот шампионат.

И обајцата ја зголемуваат и онака силната конкуренција во тимот на Македонија ЃП, која очигледно дека планира сезонава да игра сериозна улога во домашниот шампионат.

 

ПретходноНа 58 години: Ивандер Холифилд се враќа во рингот овој викенд
СледноВујовиќ до навивачите: Вардар без вас, не е Вардар (ВИДЕО)