Одложен дуелот меѓу Металург – Пролет

129

Новата сезона во Супер-лига ќе почне без една средба. Дуелот меѓу Металург и Пролет е одложен поради тоа што десет ракометари на гостинскиот тим завршија во изолација по враќањето од Шпанија.

Останатите средби ќе се одиграат во четврток. Прв на распоредот е дуелот меѓу двата битолски тима, Е.Пелистер и Е.Пелистер 2, а на останатите средби Вардар е домаќин на Скопје, Радовиш на Струга, додека Тиквеш му гостува на Охрид, а Прилеп на Бутел Скопје.
Мечот меѓу Металург и Пролет најверојатно ќе се одигра следната недела.
ПретходноХамилтон со добредојде за Расел: Сонуваше да биде дел од Формула 1
СледноБразилецот Роналдо за ПСЖ и титулата во ЛШ: Фудбалот не е математика