Романците имаат само еден „шпиц“ за мечот со Македонија во Скопје

413

Поради проблемите со повреди и Ковид-19, селкеторот на романската фудбалска репрезентација Мирел Радои остана практично без класичен напаѓач за мечот со Македонија. Во листата на недостапни кај Романија се најдоа првите напаѓачи Алибец и Драгуш, а ги нема и офанзивните играчи за врска Ротариу и Танасе.

Во еден ваков однос на силите, Радои ќе биде приморан на мечот со Македонија утре или да започне со младиот 20-годишен напаѓач на Универзитатеја Крајова, Јован Марковиќ или да направи некоја комбинација од офанзивните играчи за врска со кои располага.

Дел од романските медиуми тврдат дека утре нападот на Романија ќе биде предводен од крилото на италијанска Парма, Денис Ман, кој има 11 настапи и 2 гола досега во дресот на романската репрезентација.

Трета опција се Јанис Хаџи и Деиан Сореску, кои иако главно играат по страничните напаѓачки позиции, сега би можеле да почнат како двоец во нападот на Романија во Скопје.

ПретходноВан Гал кон новинар: Немаш поим од фудбал, со 5-3-2 можеш многу добро да нападнеш
СледноНа 58 години: Ивандер Холифилд се враќа во рингот овој викенд