По Сухељ Мухарем, од денеска и официјално ново име во редовите на Струга Трим Лум е и младиот Трим Амбари. Станува збор за лев бек кој дојде од тимот на Кораби од Дебар. Со него секако дека ќе се освежи таа позиција на тимот на стратегот Срѓан Захариевски, кој сега со Мухарем и со Амбари ќе има поголем фонд на играчи кои ќе конкурираат за првиот тим.