0
Како што пренесуваат романските медиуми, Јанис Хаџи, еден од најдобрите фудбалер на репрезентацијата со која се среќаваме утре е позитивен на Ковид-19. Денеска во Скопје, во експедицијата на Романија бил направен тест за сите фудбалери а само тој на Хаџи се покажал како позитивен.
Па така тој веднаш е ставен во изолација, а тоа значи дека нема да игра утре со Македонија.
Интересно е тоа што до денеска тој имаше направено пет теста и на сите беше негативен.
Тој, како што пренесуваат романските медиуми, имал мали симптоми со главоболка.