Секој оној кој е љубител на фудбалот, барем еднаш влегол во сајтот „Трансфермаркт“. Таму ја има целата биографија за секој играч, а она што е интересно, ја има и моменталната вредност на играчот.
Меѓутоа постојат и оние кои не им се допаѓа како се вреднувани, па така еден тим влегува во рубриката „верувале или не“.
Тоа е екипата на Фенербахче, која смета дека цената на играчите на сајтот е далеку помала од реалната. Најскапиот играч во моментов е Диего Роси со 18 милиони евра, а голманот Алтај Бајиндир чини 14 милиони евра.
На врвот ги нема Месут Озил и Луис Густаво чија вредност е 4 милиони евра, а Енер Валенсија чини само 3.
Во клубот сметаат дека чинат повеќе и подготвени се да докажат на суд.