Хамилтон со добредојде за Расел: Сонуваше да биде дел од Формула 1

119

Мерцедес соопшти дека Џорџ Расел и официјално потпиша двегодишен договор, па за наредната сезона ќе има двајца британски возачи во својот тим.

Расел кој во последните три сезони беше член на Вилијамс, ќе биде замена за Ботас, кој во понеделникот потпиша за Алфа Ромео.

„Сакам да му посакам добредојде на Расел во тимот. Се сеќавам кога се запознавме, кога беше млад, сонуваше дека еден ден ќе биде возач на Формула 1. Јас го остварив тој сон и знам што значи овој ден за него и како се чувствува. Тој е вистински пример за сите деца дека соништата се остваруваат кога ги бркате со сето срце “, изјави Хамилтон на социјалните мрежи.

ПретходноОхрид е горд на новиот лик на стадионот „Билјанини извори“ (ФОТО)
СледноОдложен дуелот меѓу Металург – Пролет