Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев е на 4. место на листата на најдобри поентери во досегашниот дел од Европското првенство. Нашиот коректор по првите четири меча во кои нашата селекција, за жал, имаше исто толку порази, успеа да реализира 65 поени, со просек од 4,64 поени по сет.
На врвот на листата на поентери е најдобриот холандски одбојкарски репрезентативец Абдел-Азиз со 88 релаизирани поени, а зад него Адис Лагумџија од Турција со 76 поени. Третото место е за Сам Деро од Белгија (73).
Истата четворка се наоѓа на првите четири позиции и на листата на најдобри смечери. Ѓорѓиев и на оваа статистичка низа е четврти со 58 „убиствени смечеви“.