Виктор Ангелов им порача на Романците: Македонија победува со 1:0!

250

Членот на златната македонска младинска генерација која обезбеди прво учество на ЕП во 2017 година, Виктор Ангелов, во интервју за романските медиуми зборуваше за очекувањата од денешниот дуел со Романија во Скопје. Ангелов вториот дел од минатата сезона го помина во романски Волунтари, каде ќе остане и во новата сезона.

На прашањето каква е Македонија без Горан Пандев со кого игравме на првиот меч во Букурешт, Ангелов за романските медиуми вели:
„Ситуацијата сега е поинаква. Повеќе го немаме Пандев, нашиот лидер и најдобриот македонски играч во последната деценија. Мислам дека ова е главната разлика, покрај фактот дека имаме нов тренер. Со него соработував со националната младинска репрезентација. Тој е еден од најдобрите тренери во Македонија и, што е најважно, прекрасен човек!“

На интересот на Романците каков тренер е Милевски, Ангелов вели:
„Претпочита офанзивна игра, со многу додавања и притискање кон напред. Не се плаши од ниту една репрезентација и ќе ни го подобри нивото. Научив многу од него“.

Романците побараа и прогноза за денешниот меч. Ангелов вели победа на Македонија од 1:0 со гол на Барди!

Да се надеваме дека оваа негова прогноза ќе се оствари.

ПретходноКој би рекол: Атлетико (М) за 10 години потрошил 1 милијарда евра за засилувања
СледноНаби Кеита успеа да ја напушти Гвинеја по државниот удар