Германија лесно мина во Рејкјавик, Италија со „петарда“, триумф на Шпанија во Приштина (ВИДЕО)

224

Вечерва се одиграа и уште неколку меча во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година, од кој еден беше од нашата група. А, таму, Германија фати залет кон Катар, и со победата над Исланд со 0:4, и со оглед на другите резултати, направи огромен чекор кон Мундијалот.

Гнабри, Ридигер, Сане и Вернер беа стрелци на четирите гола за Германците кои влегоа во форма со новиот селектор Ханс Флик.

Италија со убедливи 5:0 славеше над Литванија, додека Шпанија со 0:2 ја совлада селекцијата на Косово на гостински терен. Грција на домашен терен ја изненади Шведска, додека Белгија минимално славеше над Белорусија на гости. Албанија немаше проблеми со Сан Марино (5:0), а Полска и Англија одиграа 1:1.

Можеби изненадувачки е резултатот Велс – Естонија 0:0, а Северна Ирска и Швајцарија исто така одиграа без голови.

 

 

ПретходноСтручен коментар – Мирсад Јонуз: Станавме стручњаци за реми!
СледноПротив Лихтенштајн без Муслиу