Фудбалската репрезентацијата на Данска, предводена од 49-годишниот Каспер Јулман, покажа импресивна статистика во досегашниот дел од квалификациите за СП 2022 година. Данците синоќа го растурија Израел со 5:0 на домашен терен и ја продолжија серијата од 6 победи во која постигнаа неверојатни 22 гола, а не примија ниту еден.
На почетокот на групната фаза, Данска самоуверено го победи Израел (2:0), потоа не и остави шанси на Молдавија (8:0) на домашен терен, по што ја порази и Австрија со 4:0. Во септемвриските натпревари, момците на Јулман ја победија Шкотска (2:0), Фарските Острови (1:0) и синоќа Израел (5:0).
Во преостанатите натпревари од овој квалификациски круг, Данска ќе игра на гости кај Молдавија, а потоа ќе има две домашни средби со Австрија и Фарските Острови, додека во последниот натпревар ќе и гостуваат на Шкотска.