Македонија знае како се победува Романија…

650

Пред нешто повеќе од 11 години, на 2 јуни 2010 година во Вилах – Австрија, нашата најдобра фудбалска репрезентација, во пријателски меч ја има совладано Романија и тоа со 1:0. Победивме со голот на Шиков во 28.минута по нафрлувањето од корнер на Агим Ибраими.

Тогаш селектор беше Мирсад Јонуз, а покрај Шиков и Ибраими, настапија и Нурединовски, Митрески, Новески, Г. Попов, Шумуликоски, Георгиевски, Деспотовски, Тричковски и Савиќ. Подоцна во игра влегле и Алими, Гроздановски, Куртиши, Илијоски, Пачовски.

Значи Македонија знае како се победува Романија. Досега имаме одиграно шест мечеви со Романците, и освен тој триумф се останато биле порази, па и оној последниот во Букурешт на 25 март година на стартот од квалификациите.

ПретходноШишкарев имал понуда од Вардар во времето на Алушовски
СледноАјде Македонијо…последна шанса за нешто големо во овие квалификации!