Меси го прескокнува Клермон, деби на „Паркот на принцовите“ идниот викенд!?

159

Пари Сен Жермен успеа да спои магично напаѓачко трио Нејмар-Меси-Мбапе меѓутоа се уште не го лансирал на натпревар на „Паркот на принцовите“. Се очекуваше неговото деби на домашен терен викендов против Клермон, меѓутоа тоа нема да се случи, пренесува „РМЦ Спорт“.

Причината е настапот на Меси во квалификациите за СП 2022 со Аргентина. Меси е дел од репрезентацијата на „гаучосите“, а последниот меч од септемврискиот квалификациски циклус за Мундијалот во Катар го играат со Боливија во петок наутро по средноевропско време. Тоа значи дека најдобриот фудбалер на светот ќе има многу малку време за одмор и подготовка за мечот.

А „десетката“ на Аргентина не може да биде ослободен од обврските затоа што во клаузулата од договорот со ПСЖ има ставка во која се вели дека Меси мора да одговори  на повикот на селекторот без разлика дали се работи за официјални мечеви или пријателски мечеви.

Па останува да се види дали Меси ќе биде физички способен да одигра два меча за толку кратко време и дали тренерот Маурицио Покетино ќе ризикува да го пушти во игра и некаква повреда од напорната недела.

А и Мбапе чувствува повреда и тој е неизвесен за мечот со Клермон. Па и Нејмар кој игра за Бразил и тој се очеквуа да пристигне подоцна. Тоа значи дека Покетино може да заигра со Икарди и Дракслер во нападот.

Ако не се појават против Клермон, тогаш триото ќе заигра против Клуб Бриж во 1. коло од новата сезона во ЛШ на 15 септември. Потоа Меси ќе дебитира на „Паркот на принцовите“ против Лион во домашното првенство.

ПретходноРаиконен ќе мора да ја пропушти и Монца!
СледноТри гола на Ристовска, ЦСКА се рехабилитираше