Три гола на Ристовска, ЦСКА се рехабилитираше

184

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска и ЦСКА го запишаа вториот триумф во новата сезона во рускиот шампионат. Тимот на Ристовски на гостински терен славеше кај Лада со 27-30 во меч од третото коло. Овој триумф дојде во вистинско време, по убедливиот пораз од Ростов во минатото коло.

ЦСКА триумфот го обезбеди во првото полувреме по кое имаше предност од четири гола 12-16.

Ристовска имаше 50% реализација, беше стрелец на три гола од шест обиди.

ЦСКА е на второто место во групата А со скор од еден пораз и две победи, лидер е Ростов кој има три победи.

ПретходноМеси го прескокнува Клермон, деби на „Паркот на принцовите“ идниот викенд!?
СледноОФИЦИЈАЛНИОТ СОСТАВ: Милевски тргнува со истиот тим како против Исланд (ФОТО)