ТФТ со триумф го отвори меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

207

ТФТ со победа го отвори меморијалниот турнир во чест на „Анте Дуковски“. На првата средба во групата А, ТФТ кој заедно со Академија ФМП се организатори на овој турнир, го совлада Феникс со убедливи 88-73.

Дебитантот пружи силен отпор иако крајниот резултат тоа не го говори. По водството на домаќинот од 25-12, кошаркарите на Феникс одиграа одлично во втората четвртина, па на одморот намалија на 38-32.

Интересно беше и во третата четвртина во која ТФТ успеа да го скрши отпорот на противникот пред самиот крај, а потоа да дојде до триумф.

Хортон постигна 16 поени и 10 скока, на другата страна Морган и Кларк имаа по 22 поени.

ПретходноРеал се враќа во недела – еве како изгледа “Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)
СледноСити и Јунајтед ги имаат најскапите тимови, ПСЖ дури на трето место!