Браво Лихтенштајн! Само бод за Ерменија! (ВИДЕО)

548

Ерменија – Лихтештајн 1:1. Тоа е епилогот од мечот во Ереван во нашата Ј група во меч од 6.коло, кој штотуку заврши. Шок за Ерменците и само БРАВО за Лихтенштајн. Резултат кој нас и тоа како ни одговара. Ако вечерва славиме над Романија ние ќе бидеме тие кои октомврискиот циклус ќе го дочекаат на втората позиција во групата.

Инаку Ерменија поведе со голот на Мкхтарјан во 45+5.минута и тоа од пенал, додека во 80.минута Фрик успеа да ја затресе мрежата на Ерменија со што ги растажи сите на стадионот во Ереван.

На крјот гостите беа во еуфорија, како да се пласирале на СП во Катар 2022.

ПретходноТалент на Вардар продолжува во Италија
СледноОд МЗТ Скопје во НБА-лига, Гравет во дресот на Орландо