ФИФА на барање на ФА на Бразил ги суспендира Бразилците во Премиер лигата

492

Осум бразилски фудбалери кои играат во Премиер лигата ќе ги пропуштат следните натпревари за своите клубови откако Фудбалската асоцијација на Бразил реагираше до ФИФА. ФА на Бразил реагираше експресно откако клубовите одбија да ги пуштат своите фудбалери да бидат дел од репрезентацијата за време на квалификациите за СП 2022.

Тие останаа во Англија и се спремаа за 4. коло во Премиер лигата но сега нема да играат. ФА го активираше правилото на ФИФА oд „пет дена“. Тоа значи дека бразилските фудбалери мора да паузираат пет дена (колку што требаше да бидат со репрезентацијата).

Ливерпул ќе нема да ги користи Алисон, Фабињо и Фирмино за нивниот меч со Лидс во недела, а гостите нема да сметаат на Рафиња.

Манчестер Јунајтед ќе биде без Фред  на мечот со Њукасл и првиот меч од ЛШ против Јанг Бојс. Централниотбек Тијаго Силва нема да биде во составот на Челзи за мечот со Астон Вила и евро-пресметката со Зенит.

За Сите нама да играат Едерсон и Габриел Жесус против Лестер. Забрана ќе добијат напаѓачот на Вулвс Раул Хименез и на Њукасл Мигуел Алмирон.

ПретходноВардар го промовираше Иван Николов!
СледноМакедонија вечерва во црвена опрема, а Романците во сина!