Македонскиот стратег Виктор Треневски е нов тренер на тимот Грбаљ од Црна Гора.
Екипата се напреварува во втората по ранг лига, а Треневски доаѓа како замена за досегашниот стратег, Борис Милинковиќ.
„Дојдов што се вели да помогнам. Не можев да кажам не на некои мои блиски пријатели, и затоа се нафаќам на оваа функција. Тука сум до јануари“ – ни изјави Треневски.
Тој веќе работеше во Ком и Дечич и ова е за него трет клуб во Црна Гора. До неодамна беше и спортски директор на словенечка Драва.