Димитар Митровски тренира со Партизан!

893

Поранешниот младински репрезентативец и член на Спортинг, Димитар Митровски е на тренинзи во белградски Партизан.

Меѓутоа проблемот е тоа што не може да потпише веднаш договор, туку ќе мора да чека до јануари, и тоа би значело дека ќе биде само „достапен“ за пријателски натпревари доколку биде договорен од „црно-белите“.

Митровски во минатото играше во младинските категории на Работнички, на Ханза Рошток и на Магдебург.

Митровски за младинскиот тим на Македонија има одиграно 11 меча и постигнато шест голови.

ПретходноСити и Јунајтед ги имаат најскапите тимови, ПСЖ дури на трето место!
СледноТинејџерската сензација се пласира во полуфиналето на УС Опен!