Овие квалификации во групата Ј за пласман на СП во Катар 2022, ги започнавме на 25 март и тоа во Букурешт, и токму на гости кај вечерашниот протовник. Добра партија на нашите, сепак немавме среќа. Ги стигнавме тие 0:2 и дојдовме до 2:2, имавме и супер шанса за 3:2, но на крајот незаслужено загубивме со 2:3.
Интересно е тоа што стрелците на трите голови за Романија, а тоа се Танасе, Михаила и Хаџи вечерва нема да настапат. Додека за нас на тој меч погодија Адеми и Трајковски. Првиот поради повреда не ни дојде за овој септемвриски циклус, додека Алекс својата шанса ќе ја чека од клупата.
Се чини дека време е за една убава и слатка одмазда. Ако Романија се „спаси“ на 25 март, да се надеваме дека вечерва нема да има толку среќа.