И во Битола ќе се игра ракомет пред публика

127

Еурофарм Пелистер ги отвора вратите на спортската сала „Боро Чурлевски“ за своите навивачи и симпатизери на почетокот на сезоната 2021/22. Протоколите се јасни, ракомет од лице место може да гледаат вакцинирани лица и оние кои прележале коронавирус во последните 45 дена.

“Од денес (среда 08.09.2021) во 12:00 започнува продажбата на билети на веб страницата – https://kartieurofarm.mk за натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2, закажан за в четврток во 17:00 часот.

Од 14:30 часот на билетарницата на спортската сала ќе започне заверувањето на веќе купените билети. Според најновите мерки на владата, дозволено е присуство на 30% од капацитетот на спортската сала. Секој заинтересиран за купување на билет мора да поседува вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на оздравувањето, и лична карта”, информираат битолчани.

Цената на билетот изнесува 100 денари. Од таборот на Е. Пелистер апелираат навивачите да дојдат порано пред почетокот на натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“, бидејќи вратите ќе бидат затворени во 16:45 часот.

ПретходноПочнува меморијалниот турнир „Анте Дуковски“
СледноЈубилеј: Вечерва Алиоски по 50-ти пат ќе игра за Македонија!