Македонија со убедлив пораз го заврши настапот на ЕП 2021

131

МАКЕДОНИЈА – РУСИЈА 0:3 (15:25, 13:25, 18:25)

Убедлив пораз од 3:0 претрпеа нашите одбојкари и во последниот меч на Европското првенство во Тампере. Во последното 5. коло во групата „Ц“, Македонија беше немоќна во дуелот со силната Русија, која освен во првите десетина поени во првиот сет, во останатиот дел од мечот беше комплетно доминантна.

Како и на повеќето мечеви на ова ЕП, Македонија добро го отвори мечот и држеше резултатска неизвесност се до 8:7, по што следуваше повторно несфатлив пад во играта и тотална доминација на Русија. „Зборнаја“ веќе на средина на сетот имаше 16:9, а до крајот ни препушти само 15 поени.

Ништо подобро не беше во вториот сет. Тргнаа моќно во вториот сет, имавме лош прием, а Русија сето тоа го користеше за на крајот да го освои сетот со само 13 загубени поени.

За нијанса бевме подобри во последниот сет во кој успеавме да освоиме 18 поени и со една нејасна слика за нашиот вистински квалитет да го завршиме настапот на Еуроволеј.

Никола Ѓорѓиев освои 9 поени за нас, додека кај Русија најдобар поентер беше Клетс со 15 поени.

ПретходноПрвиот човек на грчкиот фудбал поднесе оставка по само пет месеци
СледноШишкарев имал понуда од Вардар во времето на Алушовски