Милевски против Романија почнува со истиот стартен состав од Рејкјавик!

402

Како што дознаваме, селекторот Благоја Милевски вечерва против Романија ќе го започне мечот со истиот стартен состав од Рејкјавик. Нема да прави никакви промени со стартерите. Тие што го почнаа неделниот меч на Исланд, и одиграа одлично до 75.минута, тие и ќе го започнат мечот вечерва против Романија.

После дуелот во Рејкјаквик на повреда се жалеа Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, но и двајцата ќе се најдат во стартните единаесетмина.

Па така вечерва почнуваме со Димитриевски на голот. Во дефанзивата се С.Ристовски, Велковски,Муслиу и Алиоски. Средниот ред ќе го сочинуваат Спировски и Костадинов, пред нив ќе биде Барди. По крилните позиции ќе бидат Елмас и Чурлинов, а како истурен шпиц помалиот Ристовски.

ПретходноОдбојкарите денеска против Русија: Најдоброто нека биде за крај!
СледноБарселона на чекор да ја загуби и најголемата кошаркарска ѕвезда