Наби Кеита успеа да ја напушти Гвинеја по државниот удар

311

Наби Кеита, конечно, е на пат за Ливерпул, откако неговиот изнајмен авион со уште неколку други играчи од селекцијата на Гвинеја доби можност да полета од главниот град на африканската држава во која викендот се случи државен удар.

Вооружената група која го направи превратот ги затвори границите и никој не можеше да ја напушти државата до преземање на власта. Поради тоа дојде и до откажување на квалификациските натпревари за СП меѓу Гвинеја и Мароко.

Репрезентацијата на Мароко беше евакуирана пред затворањето на границите, но Кеита и неговите соиграчи не добија дозвола да ја напуштат земјата, иако Кеита изнајми приватен авион со 13 места за да извлече дел од играчите на репрезентацијата и да ги врати во Европа, каде настапуваат за повеќе клубови.

Утрово „Скај Спортс“ потврди дека Кеита е на пат за Ливерпул и ќе биде во составот за мечот со Лидс Ј. во недела.

ПретходноВиктор Ангелов им порача на Романците: Македонија победува со 1:0!
СледноСо победа да и се честита на Македонија – Денот на независноста!