Веќе видено. Одново добра игра, одново не знаеме да победиме. Ново реми, овојпат вечерва со Романија. И штета. Едоставно вртевме, вртевме, но гол не дадовме. И Романијам, исто како и Ерменија и Исланд ни се измолкна. Штетам навистина штета, Се чини испуштивме голема шанса по ова 6.коло да се најдеме на втората позиција на табелата.
ИГРАМЕ ДОБРО, НО ГОЛ НЕМА ПА НЕМА
И како што се очекуваше Македонија тргна силовито кон голот на Романија. Во првите десет минути гостите речиси и да не ја минаа средината од теренот. Во тие моменти поседот на топката беше на наша страна од цели 81 насто. Сепак се беше бадијала, бадијала добрата игра, надмоќната игра, комбинациите кога не знаеме да дадеме гол. А имавме барем една шанса и две полушанси. И овојпат недостигаше тој фамозен завршен пас.
Во 15.минута Барди се закани, се чини дека можеше и мораше да биде поопасен. Седум минути подоцна гостите ја имаа единствената, но реално и најдобрата шанса во првиот дел. Но шутот на Сорески нашиот голман Димитриевски на фантастилен начин го одбрани и тоа со прекрасна парада.
Во 34.минута Елмас беше во акција, сепак завршницата не беше најпрецизна, па така на пауза се отиде со туие почетни 0:0.
ЕЛМАС ВО ШАНСА, НИТЦА ЕДВАЈ СПАСУВА
Ништо ново на теренот на Арената во Скопје и на почетокот на вториот дел. И натаму играме добро, а првата шанса ја имавме во 52.минута кога Елмас се најде нешто оддесно и од неколку метри добро шутираше, но сепак Ница, голманот на гостите со нога, едвак одбрани. Следуваше уште еден обид на Елмас, но сега непрецизно.
Сепак треба да се признае дека оваа наша офанзива не беше ни налик на онаа од првиот дел, сепак Романија како да не одалечи од својот казнет простор. Гледаме посигурна игра на гостите.
Ние даваме се од себе, желбата се гледа, мотивите се до небо, но, ете, немоќни сме да постигнеме барем еден гол. Во 58.минута по акцијата на Елмас, Барди беше во шанса, но повторно нема радост за нас. Штета. Нема што, заслужуваме гол и тоа како.
Во 72.минута Разван Марин од далечина шутираше, Столе ја одби таа топка, натрча Кордеа, но шутираше покрај голот, а Лахоз покажа дека тоа боло офсајд. Среќа.
На спротивната страна Јаховиќ беше во шанси, сепак и тука имаше офсајд. Само една минута подоцна Барди беше во можност, но Ница брани.
И натаму нема гол за Македонија.
ВО ИГРА И НИКОЛОВ
Во таа 78.минута селекторот Милевски направи двојна измена. Во игра влегоа Николов и Трајковски, ова беа први минути за играчот на Шериф во овој септемвриски циклус. Македонија во тие моменти како да падна, а Милевски сакаше со Николов и Трајковски сепак и натаму да го одржи темпото. Претходно во игра влегоа Јаховиќ и Ристевски, за кого ова беше 50-ти настап за Македонија, исто како и на Алиоски.
Но, нема гол, и одново нема гол. Бадијала сите наши желби и агресивни напади.
квалификации за СП во Катар 2022 – група Ј
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА 0:0 (0:0)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судија. Антониот Матуе Лахоз (Шпанија). Стрелци:/ Ж. Картони: М. Ристовски, Костадинов, Муслиу (МАК), Неделчу (РОМ).
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Муслиу, Велковски (64. Ристевски), Алиоски, Спировски (78. Трајковски), Барди (90. Ашковски), Костадинов, Елмас, Чурлинов (78.Николов), М. Ристовски (64.Јаховиќ).
Селектор: Благоја Милевски.
РОМАНИЈА: Ница, Рациу, Кирикеш, Неделчеару, Камора, Станчиу, Неделчу (63.Р.Марин), Цицалдау, Ман, Марковиќ (63. Кордеа), Сореску (74. М. Марин).
Селектор: Мирел Радои.