Во организација на кошаркарските клубови ТФT и Навико Академија ФМП, и во чест на истакнатиот кошаркарскиот работник Анте Дуковски во наредниот период од 8 до 12 септември, ќе се одржи меморијален кошаркарски турнир кој ќе го носи неговото име.
Турнирот ќе се игра во две групи, а на истиот покрај организаторите, учество ќе земат и екипите на Работнички, Феникс 2010, Куманово и Ангели.
Дозволен е влез на лимитиран број гледачи според важечките мерки за организација на спортски натпревари во затворено. Секој присутен во салата мора да поседува доказ за извршена вакцинација.
Распоред на натпреварите
Група A (сала СРЦ Kалe )
8 септември (среда)
18:30 – ТФТ – Феникс 2010
9 септември (четврток)
18:30 – TФТ – Работнички
10 септември (петок)
18:30 – Работнички – Феникс 2010
Група Б (сала „Независна Македонија“)
8 септември (среда)
20:30 – Навико Академија ФМП – Куманово
9 септември (четврток)
18:00 – Навико Академија ФМП – Ангели
10 септември (петок)
18:00 – Aнгели – Куманово
11 септември (Сабота)
17:00 (А1-Б2) – ПОЛУФИНАЛЕ-1
19:30 Б1-А2) – ПОЛУФИНАЛЕ-2
12 септември (недела)
17:00 – ЗА ТРЕТО МЕСТО
19:30 – ФИНАЛЕ
Завршницата на турнирот ке се игра во СРЦ „Кале“