Раиконен ќе мора да ја пропушти и Монца!

139

Кими Раиконен, возачот на Алфа Ромео ќе мора ја пропушти и ГН на Италија во Формула 1, која се вози претстојниот викенд во Монца. Како што известуваат од неговиот тим, Финецот се уште нема заздравено целосно од короната, впрочем тој и заради фактот дека беше позитивен ја пропушти трката во Зандфорт за ГН на Холандија минатиот викенд.

Од Алфа Ромео објавија дека и во Монца него ќе го менува Роберт Кубица, како што беше и во Холандија.

Инаку Кими се уште е во изолација во својот дом.

ПретходноАјде Македонијо…последна шанса за нешто големо во овие квалификации!
СледноМеси го прескокнува Клермон, деби на „Паркот на принцовите“ идниот викенд!?