Марко Луканоски на 15 години почнува поглавје во својот пат кон кошаркарските висини. Дресот на Вардар ќе го замени за италијанскиот клуб Оренџ1 Оксиген од Басано.
Станува збор за тим кој се се натпреварува во четвртиот ранг на италијанската кошарка, поточно во лигата Ц Голд.
Пред Луканоски кој настапуваше и за македонската репрезентација до 15 години е блескава иднина, Италија ќе биде одлична можност за напредок во кариерата.