Тинејџерската сензација се пласира во полуфиналето на УС Опен!

125

Бајката на Ема Радукану во Њујорк на УС Опен продолжува. Британката успеа да слави над Белинда Бенчиќ со 2:0 во сетови, а во гемови 6:3 и 6:4. Ова е вистинска сензација, тинејџерката продолжува со својот блесок на УС Опен.

Интересно таа се пласираше во полуфиналето и тоа без загубен сет досега.

Патот кон евентуалното финале ќе води преку подобрата од дуелот меѓу Каролина Плишкова и Марија Сакари кој допрва ќе се игра во Њујорк.

ПретходноДимитар Митровски тренира со Партизан!
СледноСрцепарателно: Сè би дал мојот татко да може да зборува!