Халанд: „Не давам многу голови, сакам да имам повеќе голови од натпревари“

178

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд смета дека може да биде уште подобар и да ја подобри реализацијата со цел на своето конто да има повеќе голови од број на настапи. Навистина луда замисла и цел на норвешкото чудо од дете, нешто што никој го нема во моментов.

„Не постигнувам многу голови. Лично сметам дека треба да имам повеќе голови од натпревари. Морам да го подобрам тој сегмент“, порача Халанд во интервју за ФС на Норвешка.

А ефектот на Халанд е импресивен досега. За Норвешката репрезентација од 15 натпревари има 12 гола. Во дресот на Борусија Дортмунд има 64 натпревари и 63 гола, додека се вкупно гледано, заедно со настапите за неговиот претходен клуб, има 172 натпревари и 124 гола. Ефект на кој можат да му подзавидат многу фудбалери на негова возраст.

 

ПретходноКамавинга ја донесе фамилијата на презентацијата во Реал Мадрид
СледноВо Африка е досуден најбрзиот пенал во историјата на фудбалот