Данил Шишкарев по седум години се враќа во рускиот шампионат и тоа во дресот на Чеховски Медведи. Тој имаше неуспешна епизода како играч на Веспрем, во договор со раководството на овој клуб ја раскинаа соработката.
За „handballfast.com“ открива дека во јануари кога на „кормилото“ на Вардар беше Стевче Алушовски добил понуда да се врати во „црвено-црниот“ дрес, но истата ја одбил.
„Во јануари имав комбинација да се вратам во Вардар, тогаш тренер беше Алушовски. Го известив дека имам договор со Веспрем, а истовремено сакав самиот на себе да си докажам дека не беше грешка што потпишав со унгарскиот тим“, откри Шишкарев, кој исто така додаде дека му верува на Сергеј Самсоненко и дека долгот ќе биде исплатен до крај.